Грижа за корисници
Работно време:
пон-пет: 08:00 до 16:00
тел: +389 2 55 12 802
факс: +389 2 3225 696
тел: +389 2 55 12 831
адреса:
Бул."Васил Главинов" 3
1000 Скопје
Новости
Февруари
2011
MAT AIRWAYS е дезигниран за одржување редовен јавен воздушен превоз на линија Скопје-Амстердам-Скопје како и за останатите аеродроми во Холандија.
Повеќе...Главни цели
Компанијата перманентно ги исполнува задолжителните барања поставени од страна на Европската агенција за воздухопловна сигурност (EASA) и IATA Safety and Recommended Practices (ISARPs). Главната цел на нашата компанија е континуираното усовршување и подигнување на нивото на безбедностa и сигурноста, како и стандардите за квалитет на секое поле од работењето.
За постигнување на ваквите цели, се преземаат следниве активности :
- Целокупното внимание го фокусираме кон потребите и очекувањата на патниците
- Подобрување на ефективноста и ефикасноста на работењето на компанијата преку оптимизирање на внатрешната организација и елиминирање (одстранување) на управувачки-раководни и оперативни недостатоци.
- Континуирано мотивирање на вработените и нивно активно вклучување во остварувањето на целите на компанијата, вклучувајќи ја и нашата грижа за нивната безбедност и здравје.
- Перманентно мониторирање и анализирање на податоците, како и развивање на процеси за откривање на полињата на можно подобрување и преземање соодветна акција.
- Воспоставување на систем за контрола на квалитетот во работењето, преку следење на остварените резултати и поставените цели, како и преземање на соодветни мерки секогаш кога ќе се воочи разлика меѓу целите и постигнувањата.
- Обука и вежби на вработените на квалитетен начин и со методи кои ќе осигураат во секое време примена на правилни и превентивни мерки
Основна задача на нашиот менаџерски тим е да обезбеди МАТ Ервејс да достигне највисоко ниво на конкурентниот пазар преку континуирано унапредување на свеста за квалитет и принципите и мерките за безбедност во рамките на компанијата.
