Грижа за корисници
Работно време:
пон-пет: 08:00 до 16:00
тел: +389 2 55 12 802
факс: +389 2 3225 696
тел: +389 2 55 12 831
адреса:
Бул."Васил Главинов" 3
1000 Скопје
Новости
Февруари
2011
MAT AIRWAYS е дезигниран за одржување редовен јавен воздушен превоз на линија Скопје-Амстердам-Скопје како и за останатите аеродроми во Холандија.
Повеќе...Проверка на документи ВРЕМИЊА
(I) Времињата прикажани на овој билет или потврдата за маршрута доколку е применливо, се времињата на поаѓање на авионот. (II) Проверка на документи времињата, како што е известено од страна на вашиот превозник, или во редот на летање на авиокоманијата, се последните времиња по кои патникот може да биде примен за патување, имајќи го во предвид времето потребно за завршување на сите формалности. Летот не може да биде задржан за патници кои пристигнуваат доцна и за такви случаи нема да биде прифатена никаква одговорност. (III) Патникот кој нема да поседува валиден пасош, валидна виза доколку е потребно, може да му биде одбиен влезот од страна на Имиграционите Власти, и во тој случај патникот ќе сноси одговорност за покривање на сите директни и/или индиректни трошоци што се произлезени од страна на Превозникот. Следното известување не се однесува на авио билети коишто се продадени во Соединетите Американски Држави за превоз кој потекнува од Соединетите Американски Држави.
НЕПРИФАЌАЊЕ НА ПАТНИЦИ ВО АВИОН ПОРАДИ ПРЕБУКИРАНОСТ
Во оние земји каде се во сила регулативите за надомест на патниците кои не се прифаќаат, првозниците воведуваат планови за надомест за патниците со потврдени резервации на кои им се одрекува влегување во авион поради нерасположливост на седишта од причина на пребукирање. Деталите од овие планови се достапни во деловниците на авиокомпанијата.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ТАКСИТЕ И ДАВАЧКИТЕ ВОВЕДЕНИ ОД СТРАНА НА ДРЖАВАТА
Во цената од овој билет може да бидат вклучени такси и давачки кои се воведени во воздушниот превоз од страна на државните власти. Тие може да претставуваат значителен дел од трошокот на воздушниот превоз и или се вклучени во цената, или се посебно прикажани во рубриката “TAX/ FEE/CHARGE” од овој билет. Во случај овие такси и давачки да не се пресметани при купувањето на билетот, тие можат да бидат дополнително наплатени.
ПРЕВОЗНИКОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ОДБИЕ ПРЕВОЗ НА БИЛО КОЕ ЛИЦЕ КОЕ СЕ СТЕКНАЛО СО АВИО БИЛЕТ СО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН ИЛИ ТАРИФИТЕ НА ПРЕВОЗНИКОТ, ПРАВИЛАТА ИЛИ ПРОПИСИТЕ.
