Грижа за корисници
Работно време:
пон-пет: 08:00 до 16:00
тел: +389 2 55 12 802
факс: +389 2 3225 696
тел: +389 2 55 12 831
адреса:
Бул."Васил Главинов" 3
1000 Скопје
Новости
Февруари
2011
MAT AIRWAYS е дезигниран за одржување редовен јавен воздушен превоз на линија Скопје-Амстердам-Скопје како и за останатите аеродроми во Холандија.
Повеќе...Квалитет и сигурност
Безбедното функционирање на МАТ Ервејс подеднакво сериозно го третира значењето на безбедноста, сигурноста и квалитетот и тоа во максимална можна мера. Нашата клиентела – патниците ќе не доживеат како водечка компанија во сферата на загарантирана сигурност и безбедност поради тоа што:
- безбедното функционирање на земја и во воздух е наша најголема обврска и грижа
- нашата култура за безбедност се темели на цврстото компаниско убедување дека целосното достигнување на стандардите на сигурност и безбедност се предуслов за опстојување на една авиокомпанија
- нашите стандарди за загарантирана безбедност се усогласени со врвна воздухопловна пракса и со такви критериуми ние се бориме да бидеме референт за другите авиокомпании.
- Ние достигнуваме ниво на квалитет кое го заживува нашето ветување и ги исполнува или надминува очекувањата на нашите клиенти-патниците.
- Се бориме да го намалиме оперативниот ризик во областа на обезбедување и гарантирање на сигурност со примена на акктивно и континуирано контролирање на ризикот.
Земајќи го во предвид предходното:
- Раководството на МАТ Ервејс во целост е одговорно за гарантирање на безбедноста во сите активности кои ги превзема, вклучувајќи сигурни ( безбедни) работни места.
- МАТ Ервејс ја промовира компаниската култура во која гарантирањето на безбедност завзема централно место, а нашите оперативни карактеристики се приоритетно ангажирање во остварувањето на безбедност, сигурност,доверливост, ефикасност и ефективност.
- Нашето управување со квалитетот и сигурност обезбедува поддршка за постигнување на целта за загарантирана безбедност на МАТ Ервејс, како и константно подобрување на безбедносно релевантните процеси на сите полиња на работењето.
- Ние се обврзуваме на проверена култура на известување и учење, која ги прифаќа и охрабрува конструктивните и критички повратни информации и влезни податоци како интегрален и многу важен дел од отворената организација и развој на компанијата засновани на почитување и интегритет.
