Member Account

User ID:
Password:

Грижа за корисници

Работно време:
пон-пет: 08:00 до 16:00
тел: +389 2 55 12 802
факс: +389 2 3225 696
тел: +389 2 55 12 831
адреса:
Бул."Васил Главинов" 3
1000 Скопје

Новости

14
Февруари
2011

MAT AIRWAYS е дезигниран за одржување редовен јавен воздушен превоз на линија Скопје-Амстердам-Скопје како и за останатите аеродроми во Холандија.

Повеќе...

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ПАТНИЦИ ЗА ОГРАНИЧЕНАТА ОДГОВОРНОСТ

Патниците на патувањето кое вклучува крајна дестинација или запирање во друга земја која не земјата на поаѓање, се известуваат дека може да се применат одредбите од меѓународните спогодби познати како Варшавска Конвенција и Монтреалска Конвеција кои важат за цело време на патувањето, вкучувајќи го секој дел целосно во државата на поаѓање или државата на дестинацијата. За тие патници чие патување до, од или со договорено место на запирање во Соединетите Американски Држави, Конвенцијата и посебните договори за превоз содржани во важечките тарифи пропишуваат дека одговорноста на одредени превозници, потписници на посебните договори, за смрт на или лична повреда на патници се ограничува, во поголемиот број случаи, на докажана штета чиј износ не е поголем од USD$ 75.000 по патник*, и дека оваа одговорност до тоа ограничување не зависи од немарноста од страна на превозникот. Каде што е применлива Монтреалската Конвенција, превозникот е одговорен за докажани штети за смрт или лични повреди без финансиско ограничување, освен што превозникот нема да сноси одговорност доколку таквите штети го надминат износот на националната валута еквивалентна на 100,000 Специјални Права на Влечење, ако превозникот докаже сигурна заштита специфицирана од страна на таа Конвенција. Правилата на Монтреалската Конвенција кои се однесуваат на висината на одговорноста на превозникот за смрт или лична повреда важат за превозот извршен од страна на MAT Ервејс..

Таму каде што не е применлива Монтреалската Конвенција, условите на превоз на многу авио превозници пропишуваат дека нивната одговорност за смрт или телесна повреда нема да биде предмет на било какво финансиско ограничувње специфицирано од страна на Варшавската Конвенција и дека, во поглед на таква штета до 1,000 Специјални Права на Влечење, секоја заштита од одговорност заснована на доказ дека тие ги превзеле сите неопходни мерки за да се избегне штетата, или било невозможно да се превземат тие мерки, нема да важи. Таму каде нема такви одредби вклучени во условите на превоз на превозникот, ве молиме да обрнете внимание дека: (i)- за тие патници кои патуваат со превозник кој не е потписник на посебните договори или чие патување не е од, до или имаат договорено место на запирање во Соединетите Американски Држави, одговорноста на превозникот за смрт или лична повреда на патниците е ограничена во поголемиот број случаи на приближно USD$ 10,000 или USD$ 20,000.

Имињата на превозниците потписници на посебните договори од типот споменат во (i) погоре, се достапни во сите агенции на превозниците и може да се добијат на барање на патникот. Дополнителна заштита обично може да се добие со купување на осигурување од осигурителна компанија. Врз ова осигурување не влијаат ограничените одговорности на превозникот според Варшавската Конвенција, или посебните договори за превоз. За дополнителни информации обратете се до вашата авиокомпанија или до претставникот на осигурителната компанија.

Напомена:

Во горенаведеното ограничување на одговорност во висина од USD$75,000 се вклучени сите законски и судски трошоци и такси, освен во случај на тужба што е поднесена во држава во која со закон е пропишано дека законските и судските трошоци и такси посебно се надоместуваат. Во таков случај, одговорноста е ограничена на износ од USD$ 58,000 без законските и судските трошоци и такси.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ПРЕВОЗ НА БАГАЖ

Одговорноста за изгубен, задоцнет или оштетен багаж е ограничена според Варшавската Конвенција или Монтреалската Конвенција. Каде што е применлива Монтреалската Конвенција таквата одговорност е ограничена на максимум од 1,000 Специјални Права на Влечење (приближно USD$ 1,375) по патник за чекиран багаж. Ограничувањето на Монтреалската Конвенција важи за превоз извршен од страна на МАТ Ервејс. Каде што е применлива Варшавската Конвенција (вклучувајќи ги домашните делови од меѓународните летови) ограничената одговорност изнесува 17 Специјални Права на Влечење (приближно USD$9.07 по либра / USD$20.00 по килограм) за чекиран багаж и 322 Специјални Права на Влечење (приближно USD$ 400.00) по патник за нечекиран багаж. За патувања целосно извршени помеѓу две дестинации во САД, според сојузните прописи, се бара одговорноста на превозникот за багаж да изнесува најмалку USD$ 2500.00 по патник. Каде што вредноста на багажот е поголема од важечкото ограничување на одговорност, патникот може да биде обештетен со поголемо ограничување со изготвување на специјална декларација и исплата на дополнителна такса. Алтернативно патникот треба да обезбеди дека неговиот багаж е потполно осигурен. Некои превозници не преземаат никаква одговорност за кршливи, вредносни или лесно расипливи артикли. Дополнителни информации може да се добијат од авиопревозникот.

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ДОЦНЕЊЕ

За повеќето меѓународни патувања (вклучувајќи ги домашните делови од меѓународните летови) одговорноста за штета предизвикана со доцнење во превозот на патници по воздушен пат е ограничена според Варшавската Конвенција или Монтреалската Конвенција. Каде што Монтреалската Конвенција е применлива, важечкото ограничување на одговорноста изнесува 4.150 Специјални Права на Влечење по патник, освен ако сигурната заштита специфицирана од страна на таа Конвенција е применлива. Ограничување на одговорноста од Монтреалската Конвенција е важечка за превозот извршен од страна на МАТ Ервејс.

Meteo | Airport Skopje/Ohrid | Terms and Conditions
© 2010 MAT - Airways. All rights reserved. Designed & Developed by ToopixCreative