Грижа за корисници
Работно време:
пон-пет: 08:00 до 16:00
тел: +389 2 55 12 802
факс: +389 2 3225 696
тел: +389 2 55 12 831
адреса:
Бул."Васил Главинов" 3
1000 Скопје
Новости
Февруари
2011
MAT AIRWAYS е дезигниран за одржување редовен јавен воздушен превоз на линија Скопје-Амстердам-Скопје како и за останатите аеродроми во Холандија.
Повеќе...Течности во воздухоплов
Нови ЕУ безбедносни правила за рачниот багаж, 2006 Ноември 06:
Правила за рачен багаж: Европската Унија (ЕУ) усвои нови правила за безбедност кои го ограничуваат количеството на течност кое можете
да го понесете со себе при безбедностата проверка на вашиот багаж.Тие се однесуваат на сите патници кои полетуваат од аеродромите на ЕУ
без оглед на нивното одредиште.При безбедносната проверка, вие и вашиот рачен багаж мора да бидете проверени за течности како и
останати забранети предмети.Меѓутоа, новите правила не ги лимитираат течностите кои можете да ги купите во продавниците помеѓу
местата на проверка на вашиот багаж и бординг карта , како и во самиот воздухоплов опериран од страна на членка на ЕУ. Новите правила
се во важност од Понеделник, 6 Ноември, на сите аеродроми во ЕУ како и Норвешка, Исланд и Швајцарија , се до следното известување.
Под течности се подразбираат:
Содржини во контејнери под притисок, вода и останати пијалоци, супи , сирупи , креми, лосиони и масла, пена за бричење и друг вид на пена,
деодоранти, парфеми, пасти, спрееви, смеси од тврди и течни состојки, гелови, вклучително гел за капење, маскара, како и било кој друг
артикл од сличен вид.
Пакување:
Дозволено ви е во рачниот багаж да понесете само мало количество на течност.Течностите мора да бидат спакувани во посебни контејнери со
максимален капацитет од 100 милилитри секој.Овие контејнери мора да бидат спакувани во една транспарентна , проѕирна пластична кеса и тоа
не повеќе од еден литар по патник ( погледни слика десно ) ДОЗВОЛЕНО : Течности спакувани во кеси спремни за проверка – новите правила се
однесуваат само на рачниот багаж; во вашиот багаж понесете медикаментите и диететски производи, вклучувајќи и бебешка храна, потребна за
време на летот.Може да ви биде побарано да ја докажете потребата за нивно користење ( употреба ). Купувајте течности, како на пример
пијалоци , парфеми, било во продавниците на аеродромите на ЕУ, кога се тие лоцирани пред местата на проверка на вашата бординг карта,
или пак во самиот воздухоплов опериран од авиокомпанија членка на ЕУ.
Ако течностите се спакувани во пластична кеса , не ја отворајте пред да се направи проверка на истата на рентген – во спротивно нејзината
содржина може да биде конфискувана на местото за проверка на багаж.( Ако сте во трансфер на аеродром на ЕУ, не ја отворајте пред да биде
скенирана на трансфер аеродромот, или на последниот од аеродромите на трансфер, доколку правите т трансфер повеќе од еднаш ).Сите овие
течности се дополнување на количините во проѕирната кеса спомената погоре.
