Member Account

User ID:
Password:

Грижа за корисници

Работно време:
пон-пет: 08:00 до 16:00
тел: +389 2 55 12 802
факс: +389 2 3225 696
тел: +389 2 55 12 831
адреса:
Бул."Васил Главинов" 3
1000 Скопје

Новости

14
Февруари
2011

MAT AIRWAYS е дезигниран за одржување редовен јавен воздушен превоз на линија Скопје-Амстердам-Скопје како и за останатите аеродроми во Холандија.

Повеќе...

Услови на договорот и други важни напомени


Овој билет не е валиден и нема да биде прифатен за превоз освен ако е купен од превозникот којшто го издал или негов овластен агент.

Напомена: Доколку патувањето вклучува крајно одредиште или запирање во друга земја која не е земјата на полетување може да бидат применети Варшавската Конвенција или Монтреалската Конвенција и овие Конвенции ја регулираат и можат да ја ограничат одговорноста на превозниците за смрт или лична повреда и во однос на губење или оштетување на багажот. Видете ја и напомената под наслов "Информации за меѓународните патници во врска со ограничување на одговорноста" и "Напомена за ограничување на одговорноста во однос на багажот".

Услови на Договорот

1. Под терминот “билет” во овој Договор се подразбира овој патнички билет и потврдата за багажот, или оваа Потврда за Маршрута доколку е применливо, во случај на електронски билет, (од коишто овие услови и напомени се составен дел), терминот “превоз” има исто значење како терминот “транспорт”, терминот “превозник” ги опфаќа сите авиопревозници кои го превезуваат патникот или неговиот багаж согласно со овој Договор, или вршат други придружни услуги при авиопревозот, под терминот “електронски билет” се подразбира Потврдата за Маршрута издадена од или во име на Превозникот, Електронските Купони и, доколку е применливо и бординг документот; “Монтреалската Конвенција” се однесува на Конвенцијата за Унификација на Одредени Правила во врска со Меѓународниот Превоз потпишана во Монтреал на 28 мај 1999 година. “Варшавската Конвенција се однесува на Конвенцијата за на Одредени Правила во врска со Меѓународниот Воздушен Превоз потпишана во Варшава на 12 Октомври 1929 година, или истата конвенција дополнета во Хаг на 28 септември 1955 година, или било кој од овие правни инструменти надополнети од унапредени инструменти прифатени од меѓународното право.

2. Превозот означен во овој Договор подлежи на правилата и ограничувањата што се однесуваат на одговорноста утврдена со Варшавската Конвенција или со Монтреалската Конвенција, освен ако овие Конвенции таквиот превоз не го дефинираат како “меѓународен превоз”.

3. Доколку не е во конфликт со претходното, превозот и другите услуги што ги вршат секој превозник подлежат на:
   3.1 Одредбите содржани во овој билет;
   3.2 Применливите тарифи;
   3.3 Условите на превозникот за превоз и соодветните прописи што се составен дел на овој Договор (кои можат да се побараат во деловниците на превозникот), изземајќи го превозот меѓу места во Соединетите Американски Држави или Канада и кое било место надвор од нив, а каде што се во сила тарифите што се применуваат во овие земји.
4. Името на преозникот може да стои на билетот во скратена форма, со тоа што неговото полно име и кратенка се наоѓаат во тарифите на превозникот, во условите на превозот, во прописите или во редовите на летање. Адресата на превозникот е аеродромот на поаѓање, наведен во билетот од спротивна страна на првата кратенка на името на превозникот. Утврдени места за слетување се местата наведени во овој билет или се прикажани во редовите на летање на превозникот како планирани места за слетување на рутата на патникот. Превозот што треба да го извршат, врз основа на овој Договор, неколку последователни превозници, се смета за единствена операција.

5. Авио превозникот што издава билети за линиите на друг авио превозник се смета единствено за негов застапник.

6. Секое изземање или ограничување на одговорноста на превозникот ќе се применува и ќе биде во полза на застапниците, службениците и претставниците на превозникот и било кое лице чиј авион го користи превозникот за превоз и неговите застапници, службеници и претставници.

7. Чекираниот багаж ќе се испорача на носителот на потврдата за багаж. Во случај на оштетување на багажот во меѓународниот превоз мора да се поднесе приговор во писмена форма до превозникот веднаш по откривање на штетата, најдоцна во рок од седум дена од приемот. Во случај на задоцнување, приговорот мора да се поднесе во рок од 21 ден од денот на испорака на багажот. Погледнете ги тарифите или условите за преоз во поглед на внатрешниот сообраќај.

8. Овој билет има важност една година од денот на издавање, освен ако тоа не е поинаку пропишано во самиот билет, во тарифите на превозникот, во условите за превоз, или во соодветните прописи. Цената за превоз е подложна на промена до самиот почеток на патувањето. Превозникот може да го одбие превозот ако не е платена важечката цена.

9. Превозникот се обврзува да ги вложи сите напори за да го превезе патникот и багажот во разумен рок. Времињата наведени во редот на летање или на друго место не се гарантираат и не претставуваат дел од овој Договор. Превозникот може без претходна најава да изврши замена со други превозници или авиони, и може да ги измени или изостави местата на слетување наведени во билетот во случај на потреба. Редовите на летање се предмет на промена без претходна најава. Превозникот не презема одговорност за обезбедување на понатамошни конекции.

10. Патникот е должен да се придржува кон Државните услови за патување, да ги покаже сите излезни, влезни и други потребни документи и да пристигне на аеродромот во времето што го определил превозникот или, ако времето не е одредено, да дојде доволно рано за да ги заврши формалностите околу патувањето.

11. Ниту еден застапник, службеник или претставник на превозникот не е овластен да ги менува, модифицира или да отстапува од одредбите на овој Договор.

Meteo | Airport Skopje/Ohrid | Terms and Conditions
© 2010 MAT - Airways. All rights reserved. Designed & Developed by ToopixCreative