Грижа за корисници
Работно време:
пон-пет: 08:00 до 16:00
тел: +389 2 55 12 802
факс: +389 2 3225 696
тел: +389 2 55 12 831
адреса:
Бул."Васил Главинов" 3
1000 Скопје
Новости
Февруари
2011
MAT AIRWAYS е дезигниран за одржување редовен јавен воздушен превоз на линија Скопје-Амстердам-Скопје како и за останатите аеродроми во Холандија.
Повеќе...Визија и стратегија
МАТ Ервејс е целосно приватна Компанија, чиј сопственик е MIG Investment dooel Beograd. Компанијата е основана во текот на месец март 2009 г. а своите воздухопловни активности ги започна во 2010 г.
Ова е прва македонска компанија, етаблирана согласно со домашната и ЕУ (ЕАСА) регулативите и стандардите, која својата активност ја започна со сопствен воздухоплов од типот Боинг 737-500, како и професионално ангажиран квалитетен и искусен тим на воздухопловен персонал. Намерата на осоновачот е и во иднина да ја зголемува флотата со вооздухоплови кои се најсоодветни и препознатливи за овој пазар. Тоа претставува уште една потврда за сериозноста и посветеноста на основачот кон единствената цел - да изгради модерно профилирана и конкурентна авиокомпанија.
Желбата е МАТ Ервејс да биде препознатлива современа европска авиокомпанија со високи стандарди во своето работење, која успешно ќе го реализира планираниот авиосообраќај, како на полето на безбедноста и сигурноста, така и на полето на уредноста, комфорот, редовноста и секако профитабилноста. Покрај тоа Компанијата е насочена кон реализација на желбите, потребите и очекувањата на патниците, но и потребите, здравјето и мотивираноста на сопствениот професионален кадар.
Со своите воздухоплови МАТ Ервејс превезува патници, стоки и пошта, од и кон Македонија, во редовен и нередовен чартер сообраќајот, но и со посебни туристичките летови со кои ја збогатува општата туристичката понуда.
Визијата на МАТ Ервејс е во блиска иднина да стане полноправен член на ИАТА (Меѓународната асоцијација на воздухопловните превозници), да го заземе просторот на редовен авиопревозник од Македонија и регионот, кон поголем број дестинации, соодветни на потребите на патниците. Истовремено ќе настојува да склучи договори за соработка со поважните авиоправозници во Европа, да ја поврзе Република Македонија со сите поважни центри во Европа и да биде пример за безбедна, редовна и профитабилна компанија во регионот на задоволство на патниците и вработените во МАТ Ервејс.
